ГЕА Извештај – Вовед
Добродојдовте на страницата на интерактивниот извештај на проектот „ГЕА – Растејќи во еко-свесни возрасни“. Овој извештај претставува значајна пресвртница во нашето патување за зголемување на можностите за вклучување на возрасните граѓани во еколошки и климатски акции со нивните заедници, истовремено подобрувајќи ги нивните способности за критичко мислење. ГЕА е проект финансиран од ЕУ поддржан од програмата Еразмус+ и обединува конзорциум од партнери од седум различни земји: Белгија, Естонија, Германија, Грција, Италија, Литванија, Литванија и Северна Македонија.

Што направивме
Во нашата потрага по разбирање на еколошките предизвици и можности за вклучување на граѓанската наука во образованието за возрасни, тргнавме на сеопфатно истражувачко патување. Ова патување беше поделено во две главни фази: деск истражување и теренско истражување. За време на деск истражувањето, нашите партнери се задлабочија во постојното знаење, прегледуваа научни статии и синтетизираа клучни наоди поврзани со граѓанска наука.
Овозможувајќи нѝ да се поврземе со реалните перцепции и потреби на локалните заедници во седумте земји на ЕУ, споменати погоре, теренското истражување вушност беше срцето на нашата истрага. За да ги доловиме различните перцепции на возрасните и едукаторите на возрасни, применивме различна методологија. Ова вклучуваше спроведување на онлајн прашалници, вклучување на експерти за граѓанска наука и акции за животната средина во поучн интервјуа и организирање на фокус групи за собирање сознанија за темите од возрасните и од едукаторите на возрасни.
Нашето резиме на научни статии
Дополнително, нашите напори се проширија на анализа на избран број на научни статии за граѓанска наука. Резиме на овие статии е вклучено во овој интерактивен извештај, овозможувајќи вѝ вредни сознанија за богатството на знаење што придонесе во нашето истражување.
Оградување
Овој интерактивен извештај служи како клучна компонента во ГЕА проектот, специјално дизајниран да понуди клучни информации за следната фаза: развој на ГЕА оналјн курс во рамки на работен пакет 3 (РП3). Од суштинско значење е да се разбере дека природата на овој извештај се разликува од конвенционалната научна публикација.
Разликата произлегува од обемот и обсегот на нашето истражување. ГЕА конзорциумот го спроведе ова истражување во седум земји, со намера да се задлабочи во специфичните потреби на различните учесници, што пак ќе го направи онлајн курсот оптимално корисен за целната демографска група на ГЕА.
Иако нашите напори беа прецизно испланирани и извршени, придржувајќи се до здрави истражувачки принципи, опсегот и обемот на учесниците вклучени во оваа студија можеби не ги исполнуваат критериумите кои вообичаено се поврзуваат со научните напори кои поседуваат поширока генерализираност. Како такви, наодите и исходите презентирани овде се од голема важност за нашите специфични цели, но можеби нема да го постигнат поширокото научно значење што се очекува од традиционалните академски истражувања.
Сепак, овој извештај останува непроценлив ресурс, кој нуди сознанија добиени од нашиот ригорозен ангажман со локалните заедници и експертските засегнати страни. Нашата примарна цел е не само да дисеминираме информации, туку да поттикнеме широка дискусија и да стимулираме размислување во врска со ефикасноста на еколошките и климатски акции.
Нашата заедничка амбиција е да ги поттикнеме возрасните активно да ја прифатат еко-свеста, негувајќи го нивното активно учество во обликувањето на одржлива иднина.
Ви благодариме што нѝ се придруживте во овој потфат